Во организација на Исламската верска заедница (ИВЗ) од Гостивар и околината на ходочастието ќе одат 82 лица, а уште 86 лица ќе одат преку агенции.

Гостиварската муфтинија ги приврши подготовките за овогодинешното заминување на аџилак со консултативен сосотанок со идните анџии, а во меѓувреме идните аџии ги завршија обврските околу издавањето на визи, лекарски прегледи и задолжителното вакцинирање.

На состанокот во гостиварската муфтинија, верниците покрај верските аспекти се запознаа и со условите за патување и престојот. Посебен акцент беше ставен на здравјето, со оглед на температурите кои во овој период од годината владеат во Саудиска Арабија и притоа добија напатствија и препораки како да се заштитат.

Тргнувањето на гостиварската група е закажно за во недела (12 август) со директен авионски лет.

Идните аџии за време на престојот до 11 септември ќе посетат повеќе свети места за муслиманите, како Мека и Медина. На патот, тие ќе бидат придружувани од лекар и четворица теолози.

Најмладиот иден аџија има 36, а најстариот 77 години. Годинава на аџилак преку ИВЗ од Гостивар заминат и 43 жени.

Годинава, од Македонија за аџилак се пријавени 672 лица кои ќе тргнат со четири авионски летови.

Минатата година од гостиварско на аџилак заминаа 216 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2018 14:50