Во реонот на норвешкиот главен град Осло денеска, 65 ден по ред, е измерена температура од над 25 степени Целзиусови, со што е надминат досегашниот рекорд во времетраење на последователно високи температури од 1947 година.

Норвешкиот метеоролошки институт инфромира дека новиот рекорд е постигнат по 71 година на мерното место во Бускеруп, западно од Осло.

Паралено со температурните рекорди во јужните делови на Норвешка. во Куовдатмохки во новрешката арктичка област Финмарк во близина на границата со Русија, се измерени првите ноќни температури под нулата во текот на ова лето.

Институтот соопшти дека минатата ноќ во Куовдатмохки температурата се спуштила на минус 0,4 степени Целзиусови.

Скандинавските земји летово се зафатени од невообичаено високи температури за тој регион, што предизвикаа и неколку големи шумски пожари, пред се во Шведска.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2018 16:04