Делови од Европа синоќа беа погодени од невреме проследено со град, а во поединечни делови на континентот невремето предизвика поплави.

На социјалните мрежи синоќа се појавија снимки од пороен дожд во Франција, во Австрија и во Швајцарија.

Метеоролозите претходно најавија дека поради продор на студен воздух од Атлантски Океан од денеска ќе уследи намалување на температурата на воздухот во Централна Европа, а можни се бури ширум континентот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2018 16:28