Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третиот круг на Роџерс Купот во Торонто по победа над канадскиот тенисер Питер Полански со 6:3, 6:4. Ѓоковиќ имаше потреба од два брејка за триумфот, по еден на крајот од двата сета (осми и деветти), за да премине во следната етапа по 85 минути игра на теренот. Во борбата за четвртфиналето, Ѓоковиќ чека на подобриот од мечот Доминик Тим (Австрија) - Стефанос Циципас (Грција). „Мастерсот“ во Торонто се игра за вкупен награден фонд од 5.939.970 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2018 20:20