Врховниот суд на Венецуела побара апсење на лидерот на опозицијата и поранешен претседател на Конгресот, Хулио Борхес поради сомневање дека е вмешан во обидот за убиство на претседтаелот Николас Мадуро.
Борхес живее во Колумбија, а властите во Венецуела уапсија по исто обвинување еден член на опозицијата.
Два дрона со експлозив во саботата навечер беа детонирани во близина на Мадуро додека зборуваше на воена прослава. Властите во Венецуела уапсија шест луѓе осомничени за употреба на дронови со експолозиви во обид за атентат врз Мадуро.