Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека ќе продолжи да ја критикува Саудиска Арабија поради нејзиното непочитување на човековите права.

Американските медиуми оценуваат дека дипломатскиот јаз меѓу Канада и Саудиска Арабија продолжува да расте, откако официјален Ријад ги прекина дипломатските врски со Отава поради канадското барање Саудијците да ги ослободат уапсените активисти.

Трудо изјави дека министерката за надворешни работи Кристија Фриленд долго разговарала со нејзиниот саудиски колега Адел ал-Џубеири, но не даде детали од разговорот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2018 10:58