Северна и Јужна Кореја наредната недела ќе одржат разговори на министерско ниво на север од граничното село Панминџон, соопшто јужнокорејското Министерство за национално обединување.
На средбата ќе се разговара за спроведувањето на договорите од претходните самити и за подготовка на нов состанок помеѓу лидерите на двете земји.
Министерот за национално обединување Чо Мјаон-Кјаон ќе ја предводи делегацијата на Јужна Кореја во Панминџон.