Еквадор вчера објави вонредна состојба во три од нејзините провинции поради приливот на венецуелски мигранти, кои влегуваат во земјата преку северната граница со Колумбија.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се посочува дека станува збор за провинциите Карчи, Пичинча и Ел Оро.

Министерството информира дека во Еквадор секој ден влегуваат до 4200 венецуелски мигранти.

Вонредната состојба ќе трае до крајот на август. Целта е миграните да имаат на располагање лекари и социјални работници, кои ќе се грижат за нив.

Хиперинфлацијата и недостигот на основни стоки доведоа до масова миграција на Венецуелци, кои обично преминуваат во Колумбија на пат за Еквадор, Перу и Чиле.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2018 11:51