Бројот на загинати во силниот земјотрес што во неделата го погоди индонезискиот остров Ломбок порасна на 227, рече денеска Нијоман Сидекарј, директор на провинциската Агенција за помош одговорна за Ломбок.

Локалните власти соопштија дека 156.000 луѓе се раселени поради големите оштетувања на имотите.

Властите очекуваат дека бројот на загинати ќе продолжи да расте, бидејќи итните служби продолжуваат понатаму со расчистување на урнатитните со помош на багери.

Земјотресот со јачина 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди Ломбок во неделата навечер, една недела после првиот земјотрес во кој загинаа најмалку 17 лица.

Ломбок денеска го погоди и трет земјотрес со магнитуда 6,2 предизвикуквајќи вознемиреност и оштетувања на градежните објекти.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2018 11:52