Екипи на Град Скопје и на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ ги продолжуваат активностите за чистење на коритото на реката Вардар.

На потегот од булеварот „8. Септември“ до мостот „Гоце Делчев“, од двете страни на реката, деновиве машински се коси ниската и високата вегетација, а се отстранува и наталожената мил и песокот од коритото на Вардар.

Градските власти информираат дека се чистат и камењата на косините, како и фугите меѓу камењата. Таму каде што има потреба фугите се затвораат со цементен малтер.

Чистењето и уредувањето на кејот на реката Вардар ќе продолжи и во наредниот период, а во акцијата се вклучени и јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2018 12:00