Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж ја разгледува понудата да се појави пред Разузнавачкиот комитет на американскиот Сенат, каде ќе зборува за наводното мешање на Русија во американските избори 2016 година, изјави денеска неговата адвокатка Џенифер Робинсон.
- Разузнавачкиот комитет на американскиот Сенат е заинтересиран да го сослуша Асанж, истакна Робинсон.
Во рамките на истрагата тој би требало да се појави лично во меѓусебно прифатлив термин и место.
- Сериозно ја разгледуваме понудата, но мораме да обезбедиме заштита за Асанж, посочи Робинсон.
Основачот на Викиликс претстојува во Амбасадата на Еквадор во Лондон од 2012 година откако шведските власти го обвинија за сексуален напад. Иако обвинението е отфрлено, тој и понатаму стравува од екстрадиција во САД каде е распишана потерница по Асанќ поради објавување на тајни дипломатски депеши.