Родителите на првата дама на САД, Меланија Трамп добија американско државјанство, јавија американски медиуми.

Адвокат на Виктор и Амалија Кнавс, изјави во Њујорк дека словенечката двојка од синоќа се државјани на САД.

Виктор Кнавс (74) е две години постар од својот зет, додека Амалија е на 73-годишна возраст.

Меланија (48) е родена во Ново Место во Словенија. Татко и бил продавач на автомобили додека мајка и работела во текстилна фабрика. Таа живее во Њујорк од 1996 година. За Доналд Трамп се мажи во 2005 година и во 2006 добива американско државјанство.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2018 10:32