Повеќе од 500 од 2.500 деца на мигранти, одвоени од нивните родители на границата со Мексико, остануваат под грижа на владата на САД.

Според судски извори, нивниот број се намалил од 672 на 559 во изминатата недела.

Тие се одделени од нивните родители како дел од политиката на претседателот Доналд Трамп за „нулта толеранција" кон илегалната имиграција. Трамп се откажа од таа политика на 20 јуни, поради критиките дома и во странство. Набрзо беше издадена судска наредба за враќање на децата на нивните родители во рок од 30 дена.

Сепак, повторното обединување на семејството не напредува, бидејќи многу од родителите веќе се екстрадирани во Гватемала и Хондурас.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2018 10:42