Овогодишната Фолк вечер на музичкиот фестивал „Охридски трубадури“ ќе понуди голем број на новосоздадени песни во духот на македонскиот мелос,песни кои ќе се пејат уште долго време, оценува уметничкиот директор Цане Петров.

Јубилејниот, 25-ти интернационален музички фестивал ’„Охридски трубадури’’ ќе се одржи на 6, 7 и 8 септември.

Организаторите велат дека проектот за сцената е готов и веќе се реализира, посочувајќи дека големата бина ќе биде поставена на Охридското Езеро во самиот центар на Охрид.

Песните се веќе снимени, а дефиниран е и списокот на странските пејачи кои ќе учестуваат на овој голем балкански музички спектакл: Ален Исламовиќ ( БиХ), Карлос (Бугарија), Жак Худек, Владо Калембер и групата „Колонија’’ (Хрватска), Елизабет Христоу (Грција), групата ’„Балканика’’, Марко Кон, Мерима Његомир и Нада Обриќ (Србија).

Љубителите на музиката ќе имаат можност да слушнат 22 песни кои ќе ги исполнат Петар Нечоски, Милован Секулоски, Благица Павловска, Кате и „Нели ти реков’’, Мерима Његомир, „Молика оне’’,’„Соната’’, ’„Скопски боеми’’, Ѓорѓи Дичоски, Сашо Николовски, Серафина Фантаузо, Зоран Христов, Дејан Добревски, Методија Столески, Руса и Раде, Мирко Вретоски, Нино Величковски, Сандра Милковска и Кумановски трубадури.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2018 11:28