Градежен работник вчера при изведување активности на станбен објект во Штип паднал од висина од 3,5 метри и се здобил со тешки телесни повреди.

Министерството за внатрешни работи информира дека при изведување градежни работи на станбен објект, О.С. (54) од Штип, вработен како лимар, вчера околу 13:00 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Штип од засега непознати причини паднал од висина од 3,5 метри на бетонски под. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што поради сериозноста на повредите бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2018 11:34