Град Скопје соопшти дека денеска во раните утрински часови е извршено третото продолжено авионско прскање против возрасни форми на комарци и засилено прскање против комарци во градот.
Прскањето, како што посочуваат, ќе се одвива и во наредните три дена, односно до 13 август (понеделник), кога ќе продолжи од земја и ќе се одвива до 17 август во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.
Од Град Скопје истакнуваат дека заради зголемените врнежи во изминатиот период се создала поволна клима за брзо размножување на комарците, па одлучиле третото прскање наместо два дена да трае четири дена, со што се зголемува интензитетот на заштита.
Линк до видеото од утринското прскање против комарци, со авион: https://www.youtube.com/watch?v=XjFnaMmMgPI&feature=youtu.be
По ова продолжено и засилено прскање ќе се изведат уште две прскања против комарци, што се планирани кон крајот на месецов и на почетокот на септември. Пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, наведуваат од Град Скопје.