Непознат маскиран сторител рано изутрината извршил разбојништво во бензинска пумпа на ул.„Радишанска“ во Скопје.

МВР информира дека сторителот со закана со пиштол од вработениот одзел засега неутврдена сума на пари, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2018 15:02