На магистралниот пат Кичево - Охрид, (Мала Река - Славеј Планина), од денеска се воведува времена измена на режим на сообраќајот.
Времената измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) е поради изведување градежни работи, а ќе трае до завршување на активностите.
За воведениот времен режим е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.