Над 200 членови на ловечките здруженија денеска полагаа ловечки испит во Штип. Николче Малинов член на Управниот одбор на ЛЗ „Ловец“-Штип вели дека за разлика од минататите години денеска првпат ловечкиот испит се полагаше во Штип, а не во Скопје, со што оние кои сакаат да станат ловџии не се изложени на дополнителни патни трошоци.
- По подолго време Комисијата дојде во Штип не е како порано, со што мораше членовите да одат во Скопје и да полгаат електронски. Сега е малку поедноставно благодарение на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Идните ловџии денеска покажуваат знаење и се работи во две групи. Полагањето се одвива преку целиот ден, со цел да полгаат сите 200 лица, вели Малинов.
Тој истакна дека за полагање на ловечкиот испит пријавени се членови на ловечките здруженија од Штип, Радовиш, Конче, Македонска Каменица и Чешиново-Облешево.