Денеска почна третото продолжено и засилено прскање против комарци во Скопје. Градот Скопје со видео докажува дека утрово се прскало во главниот град.
Заради зголемените врнежи во изминатиот период се создаде поволна клима за брзо размножување на комарците, па Град Скопје одлучи третото прскање наместо два дена да трае 4 дена со што се зголемува интензитетот на заштита, се вели во соопштението од градот.
По ова продолжено и засилено прскање Град Скопје ќе изведе уште две прскања против комарци што се планирани кон крајот на август и на почетокот на септември, додаваат од градот.
И се ќе беше во ред ако видеото кое ги објави Градот Скопје е од вчера/денес а не од минатиот месец, односно од 08 јули 2018 година.