Ацо Стојков, поранешен македонски репрезентативец и соиграч на Горан Пандев од почетоците на кариерата, потпиша едногодишен договор со Академија Пандев, соопштија од клубот доцна синоќа.
Според известувањето од Академија Пандев, со доаѓањето на Стојков значајно ќе се засили нападот и ќе се добие потребното искуство на најмладиот тим во Првата македонска фудбалска лига.
Поранешниот репрезентативец, досега има настапувано за Интер, Специја, Партизан, Арау, Дебрецин, Вардар, Работнички и други клубови.