Серија „А“ официјално го објави назначувањето на својот нов претседател Ецио Марија Симонели. Тој ќе го наследи досегашниот шеф на фудбалската лига, Лоренцо Казини.

По првото гласање на 9 декември, на кое Симонели доби 13 гласа, денеска се одржа вториот круг, по што беше донесен конечен избор. Така, 66-годишниот, новоизбран претседател, победи во вториот круг со 14 гласа, што беше доволно да ги претекне двајцата противници Паоло Дал Пино (12 гласа) и Казини (11 гласа). Ова е негов прв мандат на слична функција во спортскиот менаџмент, откако двапати ги загуби изборите за шеф на Серија „Б“ во 2013 и 2021 година.

Патот на кариерата на Симонели беше доста разновиден. Дипломирал економија и трговија на Универзитетот во Перуџа и првично работел како новинар фриленсер. Најинтересниот дел од неговата визит-карта е поврзан со периодот како сметководител на покојниот Силвио Берлускони. Во последните години беше претседател на Одборот на ревизори на медиумската компанија „Медиасет“, како и соработник во неговата адвокатска канцеларија.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2024 23:19