Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини Табановце и Богородица, за излез од државата се чека околу 15-30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги чекања за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2018 11:06