Првиот носител на АТП турнирот во Торонто од серијата 1000, Рафаел Надал ноќеска во драматичен меч го совлада Марин Чилиќ со 2-1.

Хрватот го доби првиот сет со 6:2, а потоа Надал беше поуспешен во следните два со по 6:4.

Во полуфиналето, прво за него по пет години на овој турнир, шпанскиот тенисер ќе игра со Карен Качанов од Русија.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Кевин Андерсон (Јужна Африка) и Стефанос Циципас (Грција).



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2018 11:20