Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, се огласи по критиките упатени на негова адреса дека тимот по победата над Лестер во првиот круг од играл многу затворено на отворањето на Премиер лигата.
Јунајтед синоќа го победи Лестер со 2:1, но фановите на „црвените ѓаволи“ очекуваат повеќе од своите миленици.
- Тоа беше натпревар во кој ми требаа шест замени, а не три. Сакав да играм понапаѓачки, но не можев. Пол Погба не е подготвен да игра 90 минути, Фред исто така. Не треба да зборавиме и дека Лестер е многу силен противник. Важно победивме. Имаме напредок, а играчите го дадоа максимумот во овој момент. Ќе се подобруваме како поминува времето, рече Мурињо.
За дуелот на Манчестер со Лестер, прославениот англиски репрезентативец на Твитер напиша:
- Лестер доминираше, ама секогаш е тешко кога аутсајдерот прв ќе постигне гол и ќе го паркира автобусот.