Со два натпревари од 1.коло денес ќе стартува сезоната 2018/19 во Првата македонска фудбалска лига. Бранител на шампионскиот трофеј е Шкендија која уште во воведното коло, на домашен терен ќе се соочи со најголемиот ривал Вардар.

На вториот денешен дуел, Работнички ја пречекува Ренова.

Утре играат: Победа – Беласица, Академија Пандев – Македонија Ѓ.П. и Силекс – Шкупи.

Почетокот на сите натпревари е во 17 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2018 12:55