Мобилна екипа составена од неколку волонтери кои се дел од работата на Општинската организација на Црвениот крст од Делчево со превентивни теренски активности, денес делеа шишиња со вода во насока на заштита на населението од топлото време.
- Нашата цел е да им помогенеме на граѓаните, на мошне топлото време да добијат разладување. Штандот ни е поставен онаму каде има најмногу фрекфенција во градот, кај градскиот пазар и во централното градско подрачје. Вакви акции во зависност од временските услови организираме повеќе пати во текот на летото, истакна волонтерот Михаела Маџовска.
Освен спроведувањето на денешната акција, во координација со Црвен крст на Република Македонија, волонтерите од Делчево во периодот кој следи, ќе реализираат уште неколку активности од хуманитарен карактер.
-Тековно имаме волонтерски активности кои се состојат од собирање на различни донации коиќе бидат наменети за неколку целни групи. Исто така во септември ќе бидеме дел и од натпреварот по прва помош, за кој претходно ги имаме поминато сите потребни обуки согласно насоките на Црвениот крст на Република Македонија, рече Маџовска.
Инаку, во текот на денешната акција на делчевци им беа поделени околу 300 шишиња со вода.