Членовите од Советот на млади на Општина Штип и студентите од Велико Трново од Република Бугарија денеска низ централното градско подрачје на Штип делеа информативен материјал за можностите, кои ги нуди Европската унија на младите.
Иван Миладинов од Советот на млади во Општина Штип вели дека материјалот е подготвен од нивна страна, бугарските студентите, кои се дел од проектот преку програмата Еразмус плус и Агенцијата за млади и спорт.
-Овој материјал го делиме на местата каде што се собираат млади луѓе во Штип, а исто така утре во 12 часот и 30 минути имаме пикник изложба, додека пак во 19 часот и 30 минути ја почнаваме изложбата со муралите во Домот на млади и фонтаната „Пријателство“, вели Миладинов.
Тој ги повика младите од Штип на веб страницата на Советот на млади на Општина Штип да ги презентираат и своите успешни приказни.