Македонската ракометна репрезентација ја запиша втората победа на ЕХФ Шампионатот во Грузија за играчи до 18 години Дивизија Б.

Попладнево совладан е Луксембург со 31-25 (14-14).

Македонските ракометари вчера во првото коло ја совладаа селекцијата на Литванија.

По двете рунди во А групата со по максимални четири бода водат Швајцарија и Македонија, Фарските Острови и Луксембург имаат по два пода, Естонија и Литванија се на последните две места без освоен бод.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2018 17:01