Хрватката Сандра Перковиќ го освои златниот медал во дисциплината фрлање диск на Европското првенство во Атлетика што се одржува во Берлин.
Резултатот на Перковиќ е 67,62 метри. Второто место и сребрениот медал е за домашната атлетичарка Германката Надин Милер која дискот го фрли на далечина 63 метри, додека трета беше Шанис Крафт исто така од Германија со 62,46 метри.
За Перковиќ ова беше петто злато во низа на ЕП со што стана рекордерка.