Во Градскиот музеј во Крива Паланка синоќа се одржа културниот настан „Уметност и музика“ во рамки на „Кривопаланечко културно лето 2018“.

Настанот почна со отворање на изложбата на слики од Сандра Котевска, академски уметник од Битола, а продолжи до доцна вечерта со рок концерт на музичкиот состав од Кочани, „Игуана бенд“.

- На секогаш автентичен начин, преку различни настани се обидуваме како институција-коорганизатор на програмата за културна понуда ова лето во градот, да приредиме несекојдневни перформанси и настани кои ќе ги задоволат вкусовите на љубителите на уметноста од градот. Одѕивот на публиката за овој настан говори дека спојот на уметност и музика, кој со сигурност прави синергија меѓу двете уметности носи добра енергија, која е повеќе од потребна за сите генерации посетители кои вечерва го проследија настанот, истакна синоќа Драган Величковски, директор на Градскиот музеј во Крива Паланка.

„Art&music“ се одржа во соработка со Центарот за аудио и аудиовизуелни уметност „Каартс“ од Крива Паланка.

Настанот е дел од програмата на „Кривопаланечко кулутрно лето 2018“ на локалната самоуправа на општина Крива Паланка која во коорганизација до НУ Центар за култура и Градскиот музеј во Крива Паланка се одржува со поддршка од Министерството за култура.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2018 12:38