Поранешниот албански претседател, Бујар Нишани упати критики на адреса на Владата на премиерот Еди Рама поради „молкот околу идејата на косовскиот претседател Хашим Тачи за коренција на границите и барањето на Белград за припојување на северниот дел на Косово кон Србија“.
- Може ли некој да каже, зошто албанската Влада молчи околу барањето на Белград да и се дадат на Србија албанските територии во Митровица, прашува Нишани.
Потоа тој го цитира член 8 од Уставот на Република Албанија, во кој стои дека Албанија ги брани националните права на албанскиот народ кој живее надвор од нејзините граници.
И покрај тоа, додава, интересен е фактот дека Еди Рама дава изјава за Косово секогаш по обвнинувањата на Демократската партија на Албанија дека нема право да се меша во внатрешните работи на друга земја.
Досега Владата во Тирана, ниту премиерот Еди Рама, немаат излезено со став околу идејата за коренција на границите и размена на територии. По ова прашање се произнесе албанската опозициска Демократска партија, која е против ваквите идеи.
Единствено, Карл Билд, поранешен премиер на Шведска и добар познавач на работите на Балканот, во напис за „Вашингтон пост“ наведува дека околу оваа идеја согласност дал не само српскиот претседател Александар Вучиќ, туку тоа му го рекол и албанскиот премиер Еди Рама за време на средба со него.