Екипата на Барселона го освои шпанскиот Супер куп, откако синоќа ја победи Севиља со 2:1. Каталонците до трофејот стигнаа со головите на Жерард Пике во 42. и Усман Дембеле во 78. минута, по водството на Севиља преку Пабло Сарабиа во 9. минута.

Севиља во 90.минута не реализира пенал.

Натпреварот се одигра на неутрален терен во Тангер, Мароко.

Барселона по 13. пат го освои националниот Супер куп.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2018 10:42