Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач по победата над Ајнтрахт (5:0) во германскиот Супер куп, изјави дека неговите фудбалери целиот меч го одиграа на завидно ниво.

- Во текот на сите 90 минути игравме многу добро. Погодивме во вистинско време, а потоа ја имавме контролата на резултатот и на играта. Заслужено го освоивме трофејот, истакна Ковач.

Головите за Баерн ги постигнаа Левандовски (21. 26 и 54.минута), Коман (63) и Алкантара (85).

За Баерн ова е седми трофеј од Супер купот, а за Ковач кој е поранешен тренер токму на Ајтрахт Франкфурт, ова е прва титула со својот нов клуб.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2018 10:45