На најновата АТП рејтинг листа објавена денес, во поредокот меѓу првите десет тенисери има само една промена. Хуан Мартин Дел Потро (Аргентина) се искачи за една позиција и сега е трет на сметка на Александар Зверев (Германија) кој падна на четвртото место.

На врвот Надал ја зголеми предноста пред второпласираниот Роџер Федерер.

ТОП 10 светски тенисери:

1. Рафаел Надал (Шпанија) 10.220 бодови 2. Роџер Федерер (Швајцарија) 6.480 3. Хуан Мартин дел Потро (Аргентина) 5.410 4. Александар Зверев (Германија) 4.845 5. Григор Димитров (Бугарија) 4.700 6. Кевин Андерсон (Јужна Африка) 4.535 7. Марин Чилиќ (Хрватска) 4.085 8. Доминик Тим (Австрија) 3.665 9. Џон Изнер (САД) 3.570 10. Новак Ѓоковиќ (Србија) 3.445 .....



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2018 11:28