Кумановската подружница на Јавното претпријатие „Македонски Шуми“ за тековната сезона издаде дваесетина дозволи за собирање на споредни шумски плодови. Граѓаните од поширокиот регион во сезоната пролет-лето во Козјачијата најчесто берат чаеви и печурки.

- Плодовите кои се собираат потекнуваат од еколошки чиста, незагадена средина, а поединците ги берат и ги носат за откуп, информираше Ленка Јанковска инженер од подружницата.

Дел од собирачите ги продаваат споредните шумски плодови, дел ги користат за лична употреба.

Компании од Македонија вршат откуп на чаевите и печурките кои растат во недопрената природа на овој крај од поширокиот кумановски регион. Собирачите најчесто се жители на селата, луѓе кои имаат викендици и кои со години наназад ги користат ресурсите на природата за надополнување на семејниот буџет.

Шумочуварските служби вршат контрола на терен.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2018 11:39