СВР Велес поднесе кривична пријава против четворица жители на Градско поради тоа што на 1 август кај железничката постројка кај с.Виничани физички нападнале мигрант од Пакистан и му одзеле 6.000 денари и 150 евра кои му биле во ранецот.

МВР информира дека станува збор за А.С. (27), Р.М. (28), М.П. (28) и С.Е.(23) за кои постојат основи на сомнение за сторено кривично дело „Разбојништво“.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2018 14:26