Против 33-годишниот кумановец И.Б. СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што соопшти МВР, на 23 јули, годинава во салон за мебел на ул. „Карл Маркс“ во Куманово, сопственост на зетот на пријавениот, полициски службеници извршиле претрес во магацинскиот простор при што пронашле и одзеле 831,2 грама марихуана и дигитална вага, кои пријавениот неовластено ги набавил од непознато лице и ги чувал во салонот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2018 14:27