Неколку десетици босански граѓани протестираа денеска во северозападниот град Бихаќ против одговорот на Владата за приливот на мигранти од Блискиот Исток и Азија.

Демонстрантите, кои се собраа на плоштадот во центарот на Бихаќ, ја обвинија босанската влада дека намерно испраќа мигранти во нивниот град, без да ги идентификува, регистрира или да им обезбеди соодветен засолниште. Тие ги отфрлија тврдењата на власта дека Бихаќ е зборно место, избрано од самите мигранти поради близината со границата на Хрватска, која е членка на Европската унија.

Илјадници мигранти живеат во импровизирани кампови во Бихаќ и околните градови, добивајќи ограничена помош од Црвениот крст и неколку меѓународни хуманитарни организации.

Повеќе од 9300 мигранти влегоа во Босна и Херцеговина од почетокот на годината.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2018 14:59