Од утре до 3 септември можно е забавување на јавниот превоз на булеварот „Партизански одреди“, од крстосницата со булеварот „8-ми Септември“ до мостот „Обединети нации“.

Како што информира Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, забавувањето е поради геодетски мерења и вадење кернови од Друштво за градежништво, промет и услуги „Геинг“.

- Автобусите и автобуските постојки ќе функционираат вообичаено, но можни се одредени застои поради условите на терен. Ги молиме патниците за трпение, се вели во соопштението од ЈСП „Скопје“.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2018 15:42