Англискиот фудбалски стручњак, Сем Алардајс, го критикуваше новиот тренер на Арсенал, Унаи Емери.

Арсенал новата ера под водство на Емери ја започна со пораз од актуелниот шапион Манчестер сити со 2:0.

- За се е виновен тренерот. Не можете да барате од фудбалерите да играат против Манчестер сити на онаков начин. „Граѓаните“ постојано напаѓаа. Не може да се повлечете и да чекате. И не може да биде изговор дека тоа е единствениот начин да се игра, истакна Алардајс.

Арсенал во следното коло на 18 август го очекува уште еден тежок натпревар против Челзи.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2018 16:21