Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека разграничувањето со Косово е само идеја и дека за поконкретни предлози и за компромисно решение би се разговарало во септември.

- Од септември треба да разговараме за поконкретни работи за она што некој смета дека е компромис. Тие идеи за кои се слушнало не значи дека ќе бидат прифатени, изјави Дачиќ.

Тој рече дека во септември се споменуваат поконкретни разговори, бидејќи тогаш започнува Генералното собрание на ОН, а на ЕУ им се брза бидејќи следната година имаат избори.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2018 16:44