Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека опозицијата сака да дојде на власт така што ќе направи револуција.

Вучевиќ за ТВ Прва изјави дека пратениците од опозицијата можеле да расправаат за буџетот за следната година во српското Собрание, но одлучиле на седницата завчера да направат хаос.

„Никој не сакаше да се јавува за збор, опозицијата се фокусираше на насилство и хаос. Немаше волја за дебата и дискусија“, рече Вучевиќ.

Седницата на Собранието на Србија, по бројните инциденти и прекини поради физичката пресметка меѓу претставниците на власта и опозицијата, заврши завчера нешто пред 15 часот, бидејќи дневниот ред на седницата беше усвоен без расправа и за само неколку минути.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2024 15:13