Сенегалскиот фудбалер Кеита Балде следната сезона ќе настапува за Интер.

Балде доаѓа на „Џузепе Меаца“ како позајмен играч од Монако, со опција за откупување на неговиот договор.

Договорот за позајмицата е вреден шест милиони евра, а за дополнителни 42 милиони евра Интер на крајот на сезоната може да го откупи 23-годишниот фудбалер.

Белде претходно настапуваше за Лацио, а минатата сезона ја помина во Монако, каде постигна осум гола на 23 натпревари.

Тој настапи и за репрезентацијата на Сенегал на Светското првенство во Русија.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2018 22:01