Српската ветеринарска инспекција заплени и уништи 23 тони јунешко месо, кое во Србија било прошверцувано од Бразил.

Како што објави „Политика“, запленетото шверцувано месо требало да биде доставено до фирма во српскиот град Ќуприја.

- На амбалажата беа видиливи декларации од обејкти од Бразил. Некои пакети се уште беа со важечки рок на траење, но на некои рокот им истекол пред повеќе од шест месеци, соопшти српската Ветеринарна управа.

Во врска со случајот е уапсен еден 21-годишен српски државјанин, против кого е покренато обвинение за шверц на месо.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2018 09:53