Општина Аеродром соопшти дека деновиве поставуваат нови заштитни столпчиња покрај тротоарите, велосипедските и пешачките патеки покрај булеварите и улиците, со цел да се обезбеди непречено движење на пешаците и на велосипедите и да се спречи непрописното паркирање.

Станува збор за 600 метални заштитни столпчиња високи 60 сантиметри, какви што беа поставувани и во претходниот период на територијата на општината.

Со акцијата ќе бидат опфатени булеварите „Јане Сандански“, „АСНОМ“ и „Февруарски поход“, како и улиците „Фрањо Клуз“ и „Венијамин Мачуковски“, информираат од општината.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2018 10:47