Легендарниот шампион во Формула 1, Ники Лауда започна со физикална терапија, соопшти австриски „ОЕ 24“. Лауда закрепнува по трансплантацијата на белите дробови извршена претходниот месец.
Во четвртокот и петокот Ники имаше кратка криза поврзана со бубрезите по што беше ставен на дијализа. Во текот на викендот тој беше целосно стабилизиран и проблемот се надмина.
Тој се уште се наоѓа во одделот за интензивна нега на виенската болница каде беше опериран. Радува фактот што веќе дише сосема сам и може да разговара.
Според лекарскиот тим Лауда нема да може да патува со авион следните шест месеци и што значи дека најверојатно трикратниот шампион на трибините на трка од Фќе шампионатот најрано ќе го видиме на почетокот на сезоната 2019.
Лауда веќе има и трајна забрана да посетува јавни базени, сауни и спа, како и да избегнува животни.