На аеродромот во Тиват започна изградба на нова зграда на терминал за заминување со површина од 1.300 метри квадратни, објави на Фејсбук извршниот директор на аеродромот, Данило Орландиќ.

- Со големо задоволство можам да кажам дека на аеродромот Тиват е започната изградба на нов аеродромски објек од 1.300 метри квадратни, кој ќе им овозможи поголем комфор на патниците, побрза и поквалитетна услуга, како и подобри работни услови за вработените, напиша Орландиќ.

Новиот објект, наменет за патниците кои заминуваат, ќе има шест шалтери за регистрација на патница и пријавување багаж, како и простории за претставници на авиокомпаниите, службени простории за претставници на полицијата и царината.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2018 13:08