Македонската ракометна репрезентација ја победи попладнево ја победи Швајцарија со 32:31 и го освои првото место во А-групата на ЕХФ шампионатот во Грузија за играчи до 18 години.

Мартин Серафимов со 10 голови беше прв стрелец во нашиот тим, Симоновски и Каковски постигнаа по 5 голови, Ѓорѓиев додаде 4, по 3 гола реализираа Џигероски и Костески, додека два погодоци имаше Дарко Кондев. Марко Кизиќ го заврши натпреварот со 12 одбрани за нашата репрезентација.

Македонија со максималните четири победи на четири меча го обезбеди пласманот во полуфиналето.

За избраниците на селекторот Данило Брестовац од групната фаза останува само уште еден натпревар, со Естонија в четврток. Сепак тој натпревар нема никакво резултатско значење.

Македонските ракометари во полуфиналето ќе играат со второпласираниот тим од другата група. Полуфиналните средби се предвидени за сабота.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2018 13:15