Заменик-директорот на Агенцијата за млади и спорт Газменд Ристеми во придружба на градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари ја предаде првата фитнес зона во Гостивар. Ристеми во оваа пригода најави дека во наредниов период ќе следуваат неколку инвестиции за развојот на спорот и физичката култура.

- Оваа фитнес зона е почеток на програма за инвестирање во спортски објекти. Наскоро во Гостивар ќе започне и изградба на терени за тенис и мали спортови. Мошне значајно е што во завршна фаза е идејниот проект за изградба на покриен базен во Гостивар. Големи проекти наскоро ќе се започнат и во општина Чаир, Дебар, а очекувам наскоро да започне и реконструкцијата на базенот во Струга, рече заменик директорот Ристеми.

Таравари изрази благодарност за реазлизација на фитнес зоната нагласувајќи дека ова е прва државна инвестиција откако е тој раководи со општината.

- Се надевам дека и во иднина Владата ќе ги поддржува и помага општините со кои раководат опозициските партии исто како и оние на владејачките. Вакви и покрупни прокети очекувам и во иднина, бидејќи гостиварци тоа го заслужуваат, без оглед на нивната политичка определба, рече Таравари.

Во новата фитнес зона во населбата Дутлок, државата инвестираше речиси два милиони денари. На просторот што го определи општинската власт има осум справи од кои една за лица со посебни потреби и пропратна опрема.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2018 14:56